Во едно маало адресите веќе се објаснуваат според дупката на улицата. „Кај третата дупка вртиш десно“ досега беше прецизно упатство, но дождот го промени распоредот.
Соседите решија на најголемата да ѝ дадат име. Во општината сега се расправа дали со тоа дупката станала обележје што треба да се заштити.
